НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот www.konkursi.mon.gov.mk.

Учениците може да конкурираат за прием во дом со наведување на името на ученичкиот дом и како алтернатива на друг ученички дом со наведување на називот на домот доколку во првоизбраниот дом бидат пополнети сите места.

Учениците кои електронски се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава, пред доставувањето на потребните документи од Глава III.

Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во II, III, IV година почнува од 24.06.2020 година и трае до 01.07.2020 година.

Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во I-ва година почнува од 02.07.2020 година и трае до 9.07.2020 година.

Учениците, кои имаат поднесена електоронска апликација комплетната документација ја доставуваат од 04.07.2020 година до 15.07.2020 година, во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  1. Идентификационен број од успешно пополнета електонска пријава
  2. Барање за сместување во ученички дом;
  3. Потврда од училиштето за средно образование дека е редовен ученик;
  4. Копии од свидетелства за завршено образование од претходните учебни години (учениците кои се запишуваат за прв пат во задолжителното средно образование доставуваат копии од свидетелствата од VI, VII, VIII и IX одделение);
  5. Изјава од родител-старател на ученикот за бројот на членови во семејството;
  6. Потврди за сите остварени приходи на членовите во семејството (потврда за последно исплатена месечна нето плата, последен чек од пензија или решение за остварување на правото за користење на социјална помош), умреница за починат родител, доколку се невработени родителите да достават потврда од Агенцијата за вработување од надлежната општина; Потврда за брат/сестра (доколку е ученик/студент се доставува потврда од училиште/ факултет, доколку се вработени се доставува потврда од Агенцијата за вработување од надлежната општина, за предучилишна возраст се доставува копија од извод на родените);
  7. Медицинска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на ученикот;
  8. Изјава од родител-старател на ученикот дека во целост ќе ги подмири трошоците за евентуално направените штети од страна на ученикот и
  9. Копија од уверение за државјанство на Република Северна Македонија.

Потребните документи-обрасци (за точките 1, 4 и 7) за учество на Конкурсот, кандидатите може да ги добијат во јавните ученички домови и на официјалната интернет страна www.mon.gov.mk, каде е објавен Конкурсот и на нашиот сајт.

Министерството за образование и наука по службена должност обезбедува податок за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

изјава_за_бројот_на_членови_во_семејство_ус

изјава_за_подмирување_на_трошоците_ус

Изјава_за_согласност__УС

образец_барање_УС

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *