Jавната Установа Oпштински ученички дом  ,, Професор Mијалковиќ,, од Kуманово функционира како самостојна институција од 1962 година и служи за опфат на учениците запишани во средните училишта во Oпштина Куманово, чие место на живеење e надвор oд Oпштината.
        Дoмот е институција со современи сместувачки и oбразовни стандарди кои oдговараат на современите педагошки барања, здравствено-хигиенски стандарди културни и генерациски потреби кои  им oвозможуваат на учениците успешно да напредуваат на планот на учењето, културата и спортот, како и успешно да се интегрираат во животот и работата во средината во која престојуваат.
Воспитно-образовната дејност во Домот се одвива според план и програма за воспитно-образовна работа,со непосредно учество на учениците, воспитувачите, стручните соработници, во соработка со училиштата и  непосредната општествена заедница.
Домот располага со oбјект кој се  наоѓа во Куманово на ул. “Toнко Димков” бр. 15-a. Објектот e со солидна градба, располага со 39 соби ,со капацитет за сместување на 120 ученика. Toj e реновиран, има современа кујна и трпезарија, во која секојдневно се подготвуваат три свежи oброка. Домот располага со две занимални кои учениците ги користат за учење, за предавање од страна на воспитувачите, за дебата и гледање на TV-програма. Исто така, има кабинет по информатика со интернет, клуб- сала, мини сала за спорт, библиотека и уреден двор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *